Дали по уништувањето на Детската и Општата, на ред дојде и    Болницата за ортопедија и трауматологија?, запрашаа денес од општинската СДСМ.

Во август месец 2007 година,Владата на Никола Груевски ја затвори Специјалната детска болница во Охрид, која беше единствена од ваков вид во Македонија и во која се лекуваа деца не само од нашата,туку и од сите соседни држави. Планираа да градат хотели од висока категорија,но и тука нешто не им излезе математиката,најверојатно со провизиите,па така,денес овој објект,сместен на најубавиот дел од Охридското крајбрежје,е вистинска руина за снимање хорор филмови и вистински срам за единствениот туристички центар во државата, рече портпаролот на ОО на СДСМ, Љупка Иваноска.Таа додаде дека во август 2010 година, Владата на Никола Груевски ја сруши Општата болница во Охрид и започна со изградба на нова,а при тоа никој не си го постави единственото логично прашање: Каде ќе се лекуваат охриѓани додека се изгради новата болница?



После немилиот настан кој се случи на 15-ти април оваа година во Специјалната болница за ортопедија и травматологија,кога во пожар изгоре неподвижен пациент, охриѓани со право прашуваат: Дали по уништувањето на Детската и Општата, на ред дојде и уништувањето на,некогаш најдобрата ортопедска болница во овој дел од Европа и дали има нешто што не е уништено во здравството?Дали се уште Бујар Османи треба да биде министер за здравство и Никола Груевски  премиер на Владата на Република Македонија?, запраша Иваноска.


Иваноска, на крај од излагањето изнесе, како што таа потенцира, материјален доказ, со кој ОО на СДСМ сака да ја извести охридската и македонската јавност за заканите кон нововработените партиски војници  во администрацијата- да донесат список со најмалку 15 лица кои ќе гласаат за ВМРО ДПМНЕ на претстојните избори или, во спротивно, дека ќе бидат избркани од работа.

OhridNews