Од општинската организација на СДСМ со прашање до ВМРО- ДПМНЕ, дали плаќа закупнина за користењето на големата сала на Центарот за култура „ Григор Прличев“ за одржување на трибини и други политички настани.

–    Во досегашната практика , директорката на оваа културна  установа Драгана Боцеска , за користењето на салата од сите субјекти , па дури и за настани што ги организира Општина Охрид ,  бара да се плати закупнина, велат од СДСМ.

Од општинската СДСМ бараат од  Антикорупциската комисија да го испита случајот.

OhridNews