
-Симтоматично е дека и најмалите градежни активности и изработка на технички документации се прикажуваат како капитални инвестиции, или како свои се присвојуваат проекти кои во најголем дел се само финиширање на започнатите проекти од претходната локална власт, проекти за кои беше аплицирано, беа обезбедени финансиски средства, а за некои беа завршени и тендерските постапки како: изградбата на монтажното училиште во село Волино, спортското игралиште во село Оровник, регионалниот колектор, изградбата на општинскиот пат за село Сливово, асфалтирањето на улици во населените места, набавка на контејнери, реконструкцијата на изворите во село Велмеј, велат од СДСМ.
Оттаму наведуваат низа ветени но досега неостварени проекти на градоначалникот.
-Беше ветено отворање на индустриска зона во село Мешеишта; отворање на откупен пункт за земјоделски производи во село Мешеишта; 200 нови вработувања во рудникот за манган Стогово; реконструкција на училиштето во село Оровник; реконструкција на водоводите во село Требеништа и Климештани; реконструкција на културните домови во село Требеништа, Злести, Лешани и Оровник; бесплатен интернет за училиштата и на јавни места уредување на општинска депонија и воведување на селекција на комунален отпад; прераснување на Слатинско езеро во туристичка атракција за рурален туризам; организирање на Отворен ден за жителите на општината, набројуваат од СДСМ, додавајќи дека и во иднина ќе продолжат да ги информираат граѓаните за ветените,а нереализирани проекти од оваа локална власт.
OhridNews












