Од СДСМ информираа дека до денеска завршена е постапката и потврдени се кандидатите на СДСМ за градоначалници за локалните избори 2017 во дел од општините. При тоа од партијата ги потврдија имињата на нивните кандидати за градоначалник на општина Охрид, Јован Стојановски и општина Вевчани, Сашо Јанкоски.

Од СДСМ потенцираат дека на претстојните локални избори, партијата излегува со чесна понуда на програма и кандидати кои што се професионалци и признаени во своите професии, личности што се препознати од јавноста и кои се подготвени да работат во интерес на граѓаните.

OhridNews