Ќе се формира Совет на СДСМ, на чело со архитектот Мирослав Грчев, Агро Совет, со кој ќе претседателствува Ристо Еленов, Совет за култура кој ќе го предводи Роберт Алаѓозовски.
Стево Пендаровски ќе раководи со Советот за безбедност и НАТО интеграција, судијката Маргарита Цаца Николовска со Советот за политички систем.
На чело на Дипломатскиот совет на СДСМ, ќе застане поранешната министерка за надворешни работи, Илинка Митрева, а координатор на Клубот на жени ќе биде Цветанка Ласкова.
Централниот одбор на посебна седница ќе донесе одлука за формирање на Економско-социјален совет на СДСМ, а најавија формирање и на Здравствен совет и Совет за образование.
„Преку кадровскиот состав на советите забележлив е зголемениот ангажман на основачите на партијата кои во изминатиот период не ги злоупотребуваа медиумите и своето влијание и бекграунд, туку останаа доследни на вистинските социјалдемократски вредности. Ваквиот спој на реномирани експерти кои се докажани во својата област со искуството на основачите на партијата е потврда на обединувачки капацитет на СДСМ кој приклучува кон себе врвни интелектуалци во исклучително тешки времиња за македонската демократија, која се повеќе е загрозена од страна актуелната власт“ изјави секретарот на партијата, Андреј Петров.
Партијата на денешниот Централен одбор распрвала и за пропаднатиот попис и извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ докажа дека нема нови луѓе
СДСМ докажа дека нема нови луѓе, дека нема нови личности кои не го носат товарот на транзицијата, реагира владејачката ВМРО-ДПМНЕ по одлуката на опозициската СДСМ да врати дел од старите кадри во партијата.
„Бранко Црвенковски околу себе повторно ги собра кадрите со кои ја спроведуваше најбедната и најмрачната транзиција и приватизација во Македонија,Таки Фити, Никола Поповски, Илинка Митрева и Мирослав Грчев. Црвенковски со денешниот потег јавно призна дека лицата кои себеси се претставуваа како независни експерти, Маргарита Цаца Николовска, Роберт Алоѓозоски, Стево Пендаровски, Ристо Еленов, дека всушност не биле ништо повеќе, туку партиски војници на СДСМ“ се вели во писмената реакција на СДСМ.
извор: „Макфакс“