Откако денеска ВМРО-ДПМНЕ побара од СДСМ да предложи претседател на експертската комисија за настаните од 24-ти декември и комисијата да одлучува консензуално, опозицијата го одби предлогот.

Како што истакнуваат од СДСМ, за вакво крупно прашање немаат намера да се докажуваат преку медиумите. Тие велат дека владејачката партија сака јавно да покаже конструктивност, а предлогот нема никаква логика.

Исто така, од опозициската СДСМ велат дека конзензусот како механизам за одлучување може да биде злоупотребен.

OhridNews