Градоначалникот Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ го заборавија она што им го ветија на граѓаните на Охрид. Ништо не остварија, беше истакнато на денешната прес конференција што ја одржаа советниците од СДСМ, Јован Стојаноски и Жаклина Лазареска.

– Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ ветија изградба на нова современа меѓународна автобуска станица како приоритет. Помина година и половина, ама нова автобуска станица во Охрид нема. Не е релизирано ниту ветувањето за нов откупно – дистрибутивен центар за раноградинарски производи, со ладилник, во Лакочереј. Земојделците од овој крај ќе чекаат подобри времиња. Го нема ниту ветениот Дом за стари лица, ниту затворениот пазар во Охрид. На граѓаните на Охрид,  ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачевски им ветуваа и затворен базен за пливање и катни гаражи. Денес, тоа се само нови неостварени ветувања на ВМРО-ДПМНЕ, рече Стојаноски.
 
Тој додаде дека до крајот на 2014 година охриѓани ќе останат и без ветената развојна индустирска зона.
 
– ВМРО-ДПМНЕ не донесе напредок, ниту Охрид го направи подобро место за живеење. Напротив, Охрид е на врвот во економската стагнација. Токму затоа во Охрид се случува и најмасовното иселување на млади, образовани луѓе. Дури 766 млади луѓе се иселиле од Охрид за една година. Подобрување на условите за живот на граѓаните на Охрид не беше приоритет за ВМРО-ДПМНЕ. Но затоа ги задолжија граѓаните за следните 16 години со 127 милиони денари.  Е тоа ВМРО-ДПМНЕ не го вети, но го оствари, рече Стојаноски.
 
Како што кажа советникот Стојаноски, задолжувањата на охриѓани и неисполнетите ветувања се единствените нешта што им останале на ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачевски по изборите, што ја покажува неодговорноста кон граѓаните.

OhridNews