_1.jpg)
Ова можеше да се слушне во недела во 23 „бомба“ презентирана од опозицијата од наводно прислушуваните разговори.
„У петок ќе му собереме едно 2.000 луѓе пред Центар, дел ќе си влезат и внатре, пошо нели имаат право граѓани да влезат, па да видиме да размислиме дали еден да стане и едно три четири шамари јаки да му врзе пред сите. Не може ништо да му се напраи, нема тешка телесна повреда тука за кривична, има прекршочна само“, вели машки глас, кој наводно му припажа на премиерот Никола Груевски, во разговор со Јанакиески. Подолу во разговорот Груевски вели да молчи за ова, на никој да не кажува за Жерновски да не се подготви за ситуацијата.
„Велиме дека ова е борба против Никола Груевски и неговата банда. Многу е важно да ја испратам следната порака. Ова не е борба против членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е наша заедничка борба. Следните разговори ќе покажат како Груевски го злоупотребува своето членство, како го наведува на криминал и насилство. Како е подготвен на се. Да злоупотребува црква и чувства на граѓани, само за да си ги заштити плацевите на Водно и милионите од Белизе“, рече Саша Богдановиќ, претседател на ОО СДСМ Центар, а побара Никола Груевски веднаш да поднесе оставка и државата да покрене постапка против него.
OhridNews
Извор:„Макфакс“












