Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на средба што се одржа попладнево во Скопје, постигнале договор за заедничка поддршка на консензуален кандидат на претстојните претседателски избори.

На средбата лидерот на СДСМ го запознал Ахмети со имињата на потенцијалните кандидати: Стево Пендароски, Радмила Шеќеринска, Оливер Спасовски и Никола Димитров, додека единствен пријавен на јавниот повик на партијата беше Ѓорѓи Филипов.

OhridNews