Изборите да се одржат на средината на јуни, е предлогот на СДСМ и коалицијата.

Како што рече на денешната прес конференција претседателот на СДСМ, Зоран Заев, со оглед на тоа дека интензитетот на кризата се намалува, изборите треба да се одржат, бидејќи во такви услови нема загрозување на здравјето на граѓаните.

  • Северна Македонија веќе два месеци е во вонредна состојба, повеќе од 4 месеци е со техничка влада и скоро три месеци е со распуштено Собрание. Кризата со коронавирусот остава сериозни последици врз економијата и затоа потребни се Собрание и Влада со целосен легитимитет за да можат да преземаат конкретни чекори во надминување на економската криза. Со тоа, уште повеќе се наметнува потребата од одржување на парламентарните избори, секако штом надлежните, здравствени власти тоа го одобрат, рече Заев.

Заев најави дека ставот на коалицијата ќе биде соопштен и на лидерската средба што треба да се одржи во вторник кај претседателот, Стево Пендаровски.

OhridNews