Со синоќешниот митинг во Охрид, ВМРО ДПМНЕ уште еднаш покажа дека не бира средства за да ја покаже својата наводна моќ и “силна и масовна поддршка” од народот. Започнаа со бројни билборди на нивниот претседателски кандидат , коишто осамнаа неколку часа пред митингот,што е грубо кршење на Изборниот законик, а продолжија со уцени, закани и притисоци, велат од општинската организација на СДСМ.
– Волонтерите во образовните и здравствените институции во село Велгошти во работно време беа приморани да присуствуваат на партискиот митинг на ВМРО ДПМНЕ. Не им беше доста што на партиски послушници предизборно им доделија 14 времени вработувања во ЈП “Охридски Комуналец” , туку под притисок ги вадеа луѓето од своите работни места, од своите домови, децата од училишните клупи, за да се зголеми бројката на присутни на вчерашниот митинг. Против своја волја, илјадници луѓе од сите градови во Македонија беа приморани да дојдат во Охрид за ВМРО ДПМНЕ ја демонстрира наводната “сила на народот”, се наведува во дописот од ОО на СДСМ.
Оттаму со апел до граѓаните дека заплашувањата на ВМРО ДПМНЕ се мит и дека никој нема да види, ниту да слушне за кого го даваат својот глас.
OhridNews