Вчерашната изјава на директорката на градинката е доказ за тоа колку ниско можат да паднат пионите и марионетите на власта, водени од ниски страсти и високи амбиции, се наведува во реакцијата од општинската СДСМ во врска со вчерашниата прес конференција на актуелната директорка на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“,Розе Костеска .

– Барем малку да имаше било какви познавања за ингеренциите на градоначалникот и на советниците, Костеска немаше да се осмели да изјави таква бесмислица и небулоза. За да е трагедијата уште поголема, таквите квалификации дојдоа од жената, која со години наназад беше втор човек во градинката, најблизок соработник на поранешната директорка и еден од најсериозните кандидати за директор на градинката во време на локалната власт на СДСМ. Костеска насекаде, каде што ќе стигнеше, отворено го истакнуваше своето големо пријателство со пратеникот од редовите на СДСМ од Охрид, а за директорка на градинката беше предложена како кадар од СДСМ лично од претходниот прв човек на охридските социјалдемократи. Но, тогаш за среќа, конкурсот беше стопиран од страна на образовниот инспекторат, кој утврди пропусти во легаслативата, така што желбата на Костеска, тогаш да стане директор, пропадна. Но затоа Костеска, надевајќи се дека сепак партиски ќе го заслужи првото столче во градинката, редовно беше присутна и активна на сите собири, митинзи и трибини од СДСМ, не само во Охрид, туку и по другите градови,стои во реакцијата на СДСМ.

Оттаму прашуваат  каде била Костеска во изминатите 8 години да алармира, за „катастрофалните состојби во градинките“.

– Или можеби тогаш се надеваше дека СДСМ ќе ја постави за директорка, па мудро си молчеше. Повеќе од очигледно е дека сега, кога конечно успеа да стане директорка со помош на ДПМНЕ, ги сменила политичките бои, па мора да го изјавува она што ќе и го дадат напишано, без да размисли со сопствената глава дали тоа што го кажува е вистина или лага. Па ако во нешто несомнено вложуваше и инвестираше поранешната локална власт на СДСМ, тоа беше токму во воспитно-образовните установи во општината, односно во сферата на образованието и социјалната заштита. Нови занимални, реконструкција на објектите, нови дограми, подови и кровови, нови дворови, дневен престој, инвентивни проекти со децата, новини во здравата исхрана, нови играчки и реквизити – сето тоа беа проекти реализирани од страна на поранешната локална власт во сите градинки во општината, велат од СДСМ.

OhridNews