Кој ќе биде кандидат за градоначалник на Охрид на претстојните локални избори од редовите на СДСМ, ќе се знае по завршување на внатре партиската процедура.

Како што дознаваме, деновиве Извршниот одбор на партијата официјално ја започнал процедурата за избор на кандидати за градоначалник и советници во општините.

Партијата планира да спроведе анкети кои ќе го измерат рејтингот на потенцијалните кандидати кои треба да произлезат од базата.

Охридската чаршија веќе шпекулира со имиња на потенцијални кандидати за градоначалник од големите политички партии, што е вообичаена појава пред секои локални избори. 

OhridNews