Повеќе од очигледно е дека Јавниот обвинител Марко Зврлевски наместо да ги испита сериозните индиции за тешкото кривично дело во коешто е инволвиран Никола Груевски, се трудел да сработи образложение со коешто ќе го амнестира Груевски од одговорност, рече денеска на прес-конференција портпаролот на најголемата опозициска партија СДСМ, пренесува „Макфакс“.

Претходно, вчера, Основното јавно обвинителство соопшти дека нема основи да поведе кривична постапка против Никола Груевски по пријавата на СДСМ за случајот Македонска банка. Јавното обвинителство оцени дека во конкретниот случај нема основи на сомнение дека пријавениот презел дејствија на влијание и да за таквите дејствија примил некаква имотна корист. Притоа беше наведено, дека покрај изминатиот законски рок за преземање кривично гонење, дека со цел да се проверат наводите во пријавата Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција извршило проверки, односно се обратило до Архивот на Република Македонија, Народна банка на Република Македонија, Централниот депозитар на хартии од вредност, како и до ликвидаторите на Македонска банка АД и брокерската куќа Макброкер АД .

Портпаролот на социјалдеморкатите смета, пак, дека јавниот обвинител Зврлевски го оправдувал „противзаконското посредување при примање на милионскиот поткуп со застареност, и со тоа тој „призна дека има кривично дело во случајот Македонска банка“.

„Уште поважно, Зврлевски не негира дека постои кривично дело даночно затајување од 225.000 евра направено од страна на Никола Груевски. Обвинителот ја отфрлува пријавата со оправдување дека немал докази за тоа дело. Тоа значи дека за Зврлевски аудио снимката не е доволен доказ за постоење основ на сомнеж дека е сторено кривично дело даночно затајување“, толкува Шилегов.

Запраша и како јавниот обвинител Зврлевски без да ги повика и да ги сослуша учесниците во разговорот, дошол до тој заклучок. Според него, Зврлевски бил законски обврзан да ги сослуша и обвинетиот од страна на СДСМ, Груевски, и учесниците во телефонскиот разговор со кои тој го договара 1.500.000 милионскиот кеш, и подносителите на кривичната пријава.

Шилегов тврди и дека не е точно дека има застареност на случајот Македонска банка.

„Груевски, според аудио снимката, договорил 1.500.000 евра во кеш. Во тој период, кога според аудио разговорот е договорена реализацијата на ратите, направени се измени во Кривичниот законик со коишто е продолжено застарувањето на дело, од 10 на 20 години, за случај во којшто е предвидена затворска казна од 4 до 15 години. Исто така, Никола Груевски со непријавување на примените 1.500.000 евра во кеш изгбегнал плаќање данок. Со образложението дека трансформацијата на капиталот на Македонска банка завршила во јануари 2004-та година, обвинителството се впуштило во истрага. Затоа е нелогично отфрлувањето на пријавата од страна на обвинителот Зврлевски“, рече Шилегови и заклучи дека одлуката на јавниот обвинител „е скандалозна и срамна и е доказ дека во Република Македонија нема држава, туку се е партија“.

Портпаролот на СДСМ дека со одллуката на Јавното обвинтилество, премиерот и челник на најголемата партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, е амнестира и го повика на одговори дали е негов гласот на аудио снимката и дали тој ја договорил продажбата на Македонска банка. Шилегов, исто така, го повика Зврлевски телевизиска дебата, на којашто тој со кој било од обвинителството ќе ги соочи аргументите со правниот тим на СДСМ кој ја поднесе кривичната пријава за случајот Македонска банка.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не ја менува тактиката на клевети со која ги загуби изборите

Опозициските социјалдемократи продолжуваат со истата тактика на манипулации, конструкции и лаги што ги применуваа пред изборите, а им донесе пораз од 200 илјади гласови разлика се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов кој претходно во саботата го обвини Јавниот обвинител дека бил пристрасен во случајот „Македонска банка“ во кој СДСМ поднесе пријава против челникот на владејачката партија и премиер.

Според Шилегов, очигледно било дека Јавниот обвинител Марко Зврлевски „наместо да ги испита сериозните индиции за тешкото кривично дело во коешто е инволвиран Никола Груевски, се трудел да сработи образложение со коешто ќе го амнестира Груевски од одговорност“, коментирајќи ја одлуката соопштена во петокот од Основното јавно обвинителство соопшти дека нема основи да поведе кривична постапка против Никола Груевски по пријавата на СДСМ за случајот Македонска банка.

Јавното обвинителство оцени дека во конкретниот случај нема основи на сомнение дека пријавениот презел дејствија на влијание и да за таквите дејствија примил некаква имотна корист.

Притоа беше наведено, дека покрај изминатиот законски рок за преземање кривично гонење, дека со цел да се проверат наводите во пријавата Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција извршило проверки, односно се обратило до Архивот на Република Македонија, Народна банка на Република Македонија, Централниот депозитар на хартии од вредност, како и до ликвидаторите на Македонска банка АД и брокерската куќа Макброкер АД .

„Лошо е тоа што не ги разбираат и не ги прифаќаат пораките од граѓаните кои јасно им кажаа дека манипулации, лаги и измислици не се тоа што граѓаните го очекуваат од ниту една политичка партија, па ни од СДСМ“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавите на Шилегов.

На социјалдемократите од владејачката партија им порачаа дека „натпреварот меѓу политичките партии не треба да се сведе на вакви безидејни и празни прес-конференции“ коишто, како што истакнуваат, станале препознатливи за СДСМ, туку треба да биде натпревар на програми, идеи, проекти и мерки, односно се што е во интерес на граѓаните.

„Затоа, СДСМ конечно треба да престане со ваквите очајни обиди за манипулација на јавноста и со погубните сценарија кои и носат само штета на Република Македонија’, повикаа од ВМРО-ДПМНЕ.

OhridNews
извор:„Макфакс“