Никогаш повеќе да не се случи катастрофата што сега му се случува, на пример, на Охрид, со загрозениот статус во УНЕСКО, поради необмислените зафати на археолошкиот локалитет Плаошник, апсурдното уништување на брегот на Охридското езеро, штетните последици врз националниот парк Галичица, рече на денешнат апрес конференција Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ.
– Меѓународниот Ден за културни споменици и локалитети – 18. април, што оваа година се фокусира на културно наследство и одржлив туризам, никогаш повеќе Република Македонија да не го дочекува со запоставени и уништени, вредни и важни историски локалитети и бесценети природни и културни богатства, вели Алаѓозовски.
Причина за ваквата состојба, според Алаѓозовски се тендер политиките на криминалната власт којашто мисли единствено на полнење на приватни џебови и сметки.
– Многу брзо, новата реформска влада предводена од СДСМ ќе ги стопира сите непромислени и криминални проекти вклучувајки ги и овие во културата. Ќе извршиме ревизија на сите сомнителни активности на скопско Кале, градбите на Плаошник во Охрид, ски-центарот на Галичица, плажата во Лагадин и низа други, што претставуваат директна закана врз културното и природното наследство. Заедно со граѓаните и експертската јавност ќе донесеме транспарентни системски измени и решенија за управувањето со Охрид, како светско културно наследство. Новата Влада ќе изработи стратегија за санирање на состојбите во коишто се наоѓа културното наследство.Ќе воведеме систем на задолжително финансирање на спомениците од листата на споменици од национално значење, по принципот на категорија на вредност и степен на загрозеност, без фаворизирање на одредени видови културно наследство. Дополнително, ќе има законски механизми за вреднување на современата уметност и архитектура. Ќе ги заштитиме значајните објекти од рефасадирање, истакна Алаѓозовски.
OhridNews