Опозицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија наскоро ќе одржи нов голем митинг и ќе побара предвремени парламентарни избори, како едеинствен излез од состојбата во која се наоѓа државата.

Ова беше истакнато на трибината на Опозициониот фронт, што синоќа се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. На трибината што ја отвори претседателот на општинската организација на СДСМ, Науме Јованоски, говореа Андреј Петров -СДСМ, Ивон Величковски- ЛП и Ердоган Сарач од Движењето за национално единство на турците.

Опозицискиот фронт на 11-ти октомври во Прилеп одржа митинг на кој беше најавена жестока политичка борба со власта. Следниот народен собир, опозицијата најверојатно ќе го одржи во Источна Македонија.

OhridNews