
„Сакам да бидеме на чисто. Немам намера да потрошам ниту една секунда од моето време, било кого да мирам, со било кого да се пазарам, било кого да лепам, Секој кој ќе го прифати и почитува тоа е добредојден. Секој кој сака да продолжи како до сега, му посакувам среќен пат“, истакна Црвенковски. Тој предупреди дека партиските работи во иднина ќе се решаваат на “Бихаќка“, а не како што посочи, на улица, на седенки или преку смс пораки.
Во својот говор Црвенковски ја критикуваше и актуелната власт најавувајќи дека СДСМ ќе биде конструктивна опозиција.
„Време е за нов почеток, за нова работа, за нови политички битки, за нови победи“, рече Црвенковски.











