Опозциската СДСМ ќе поднесе четири тужби до Управниот суд за наводни изборни нерегуларности, потврди партискиот Петре Шилегов. Меѓу другото ќе биде поднесена тужба и за последниата претатавка за која ДИК гласаше 4-4.

– Цело време ги провоцираме институциите да работат согасно законот, очекуваме дека Управниот суд нема да подлегне на евидентните притисоци коишто ги имаат од страна на ВМРО ДПМНЕ. Особено очекуваме дека Управниот суд од себе ќе го отфрли времето на партиска испостава на ВМРО ДПМНЕ имајќи го предвид дека дел од судиите се опфатени со истраги од Спецјалното јавно обвинителство за учество во изборна измама. – рече Шилегов.

За разлика од СДСМ, движењето БЕСА се откажа од можноста да поднесе тужба до Управниот суд за одбиените приговори од ДИК.

OhridNews