СДСМ до собранието ќе достави иницијатива за продолжување на конститутивната седница на парламентот, потврдуваат од СДСМ. Иницијативата ќе биде поднесена до претседателот на парламентот во заминување Трајко Вељаноски. Потоа тој треба да свика координација и да ја закаже седницата.
На оваа одлука и претходеа средбите на лидерите од партиите кои му ги дадоа 67-те пратенички потписи за претседателот на СДСМ Зоран Заев да го побара мандатот од шефот на државата Ѓорге Иванов. Конститутивната седница на овој парламентарен состав почна на 30-ти декември 2016-та година.
OhridNews
извор Макфакс