– За да имате политички кредибилитет да поставувате прашања и добиете одговор- каде и колку пари потрошил градоначалникот Петрески во изминатите 7 години, најпрво Вие, Вашата ненародна власт треба да одговори на неколку, рече Јованоски.
Тој запраша- каде се потрошени 15 милијарди евра за шест години, а притоа да не е направен ниту еден енергетски обејкт, ниту еден километар автопат, ниту еден метар железничка пруга. Јованоски постави прашање и зошто двојно е зголемен вкупниот долг на Република Македонија и сега секој граѓанин, вклучувајќи го и секое новороденче, должи по 2000 евра. Колку милијарди евра владата потрошила за лажен увоз на струја, како и колку стотици милиони евра се потрошени за лавови,коњи, панорамски тркала, врби, плажи и бродови и за реклами.
– Со колку милиони евра ја почестивте бугарската фирма за реконструкција на болницата, а цели две години граѓаните на Охрид ги оставивте да умираат по патиштата од една до друга боница низ Македонија?Само тогаш кога ќе одговорите на овие прашања и само тогаш кога ќе научите цивилизирано да комуницирате , ќе имате и политички и човечки кредибилитет да поставувате прашања, рече претседателот на СДСМ Охрид.