Од општинската СДСМ бараат од градоначалникот Никола Бакрачески, да каже за каква цел е земен кредит во висина од 127 милиони денари и дали под капитални инвестиции се подразбира асфалтирање улици и поставување атмосферска канализација, како што додаваат, што е редовна обврска на секоја општина.

– За тоа ли граѓаните на Охрид ќе враќаат кредит до 2030 година? Она што дополнително загрижува е фактот дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески кријат колкави камати ќе плаќаат охриѓани за земениот кредит од 127 милиони денари. Во одлуката што се донесе на претходната 27 седница буквално стои дека каматната стапка изнесува „ шестмесечен EURIBOR со варијабилен распон” (што значи дека каматната стапка е од прилика 0,2%).Но, во материјалите каде што е доставен табеларен преглед за распоред на отплатата на кредитот наведена е каматна стапка од 5%. Врв на се е одговорот на градоначалникот Никола Бакрачески на вчерашната седница, кога изјави дека каматната стапка “нема да биде поголема од 2%”, рече на денешната прес конференција советникот Јован Стојаноски .

Стојаноски додаде дека јавноста заслужува да добие конкретен одговор за задолжувањето кое ќе се отплаќа во текот на наредните 16 години- колкава е каматата на 127 милионскиот кредит: 0,2 процента, 2 процента или 5 проценти?

OhridNews