Спроведувајќи ги директивите на Централното партиско раководство,ОК  на ВМРО-ДПМНЕ, продолжува со своето лицемерие кое нема граници и на кое може да му позавидат и ликовите од драмите на легендарниот Мирослав Крлежа, велат од општинската СДСМ во врска со реакцијата на ВМРО- ДПМНЕ по повод вчера одржаниот прес на раководителите во локалната самоуправа.

Обвинуваат за лажење оние од ВМРО-ДПМНЕ кои три години бескурпулозно го лажат својот народ дека се најголеми  патриоти, а зад грб го менуваат името на татковината. Оние кои трошат стотици милиони евра за изградба на споменици, кои направија пустош во економијата, оставија една третина од населението без работа и во очајна сиромаштија, а  лицемерно убедуваат дека тоа го правеле поради спроведување на некакви  економски реформи. Оние кои трошат милиони евра за кампањи за читање книги , не издвојуваат ниту денар за реконструкција на Библиотеката „Григор Прличев“ каде пропаѓа книжниот фонд во кој има и ретки примероци. Наместо тоа, по партиски клуч имаше нови вработувања, меѓу кои и еден книговезец кој треба да ги поправа распаднатите книги. Лицемерно е после толку фалења на централната  власт на ВМРО-ДПМНЕ дека инвестира во охридската култура,  да и се случи поради немање греење уметниците од Македонската опера и балет да се смрзнуваат . Се фалите со транспарентност и одговорност, а   ги вработувате најблиските на вашите функционери. Вработувате сопрузи на ваши советници и давате станови на директори, велат од СДСМ- Охрид.

OhridNews