
-Помпезно најавуваниот проект пред локалните избори – Работење на детската градинка во две смени – како да исчезна, како да го снема, но ние не го заборавивме, иако остана целосно нереализиран и надвор од развојната програма, велат од СДСМ. Од таму нагласуваат дека нереализирани останале проектите за доградба на Централната детска градинка, како и за промена на електричната инсталација, доградбата на санитарните чворови и замена на надворешната столарија, во уште неколку други објекти на градинката
Од СДСМ реагираат дека од делот за Култура, во декември целосно биле избришани ставките за поддршка на естрадни уметници и за поддршка на Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура. Исто така тие имаат забелешка и на нереализираните ставки од програмата за Образование кои се однесуваат на реконструкции, поправки, доградби и санации во неколку основни и средни училишта во Општина Охрид.
-Сите нереализирани ставки се префрлени во новата програма за образование 2014 година. Во отчетот градоначалникот само се напоменува дека се посветил на стабилизација на финансиските проблеми на училиштата, а не наведува дека тие се тековни финансиски проблеми, за плаќање на сметки: струја, вода, комунални такси, неисплатени отпремнини по основ на тужби на пензионирани наставници, побарувања за неисплатени обврски за нафта за греење, и др., кои се покриваат со наменски блок-дотации, исплатени од буџетот на РМ, појаснуваат од СДСМ.
Тие истакнаа дека избришани ставки имало и во програмата за Социјална заштита, односно кај мерките за Бесплатни курсеви за учење на аглиски и германски јазик и Стипендирање на млади кои припаѓаат на социјално загрозени семејства.
–Посебно внимание посветуваме на отстранувањето на вторава ставка и нејзиното заменување со нова–за стипендирање на талентирани ученици и студенти. Ние за овој проект немаме забелешка, но децидно сме против начинот на формирање на комисијата за рангирање на пријавените и целосно се дистанцираме од објавената ранг-листа, бидејќи немеме увид кој се’ се пријавил и дали биле целосно испочитувани наведените критериуми од конкурсот, велат членовите на СДСМ од Охрид.
OhridNews











