Мицкоски губи трети избори по ред и се уште одбива да се помири дека граѓаните сакаат да одат напред, а не да се враќаат назад. Тој е поразен политичар кој ги потценува граѓаните, ги потценува гласачите, па дури ги потценува и лаже и сопствените членови и поддржувачи. Вака СДСМ одговори на соопштението за јавност на ИК ВМРО ДПМНЕ кој најави дека го овластува лидерот Мицкоски да преговара за составување парламентрано мнозинство.

И Мицкоски и Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ мислат дека со лажни приказни, со креирање лажна реалност можат да ги излажат граѓаните. Мицкоски единствено за што може да преговара е за столчето во белата палата, зошто и тоа му е климаво. Граѓаните не паѓаат на манипулациите и на лагите на Мицкоски и на ВМРО-ДПНМНЕ. Веќе на нив никој не им верува, не им веруваат ниту членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Од шпицен кандидат Мицкоски стана шпицен аутсајдер и затоа најдобро е да оди надвор од политиката, бидејќи граѓаните јасно му го покажаа патот. – се вели во реакцијата на СДСМ.

Државата, граѓаните со СДСМ продолжуваат напред по исправниот, вистинскиот пат, стои во партиската реакција.

OhridNews