Над две и пол илјади граѓани од Охрид , вчера учествуваа на митингот на здружената опозиција „ Сојуз за иднината“ што се одржа во Скопје, информираат од општинската организација на СДСМ.
Оттаму упатуваат благодарност до нивните членови, како и до и симпатизерите на коалиционите партнери ВМРО – НП , ЛДП , Достоинство и Обединети за Македонија , како и на стотиците граѓани кои, како што се наведува во соопштението, на општиот повик, без разлика на политичката припадност, учествуваа на големиот опозициски митинг во Скопје.