Еуфорична пресконференција пред малку одржа портпаролот на СДСМ и кандидат за пратеник Петре Шилегов. Тој најави дека коалицијата предводена од СДСМ води во поголемите урбани центри на предвремените парламентарни избори.

-Режимот вечерва ќе падне, изјави Шилегов.

Од ВМРО ДПМНЕ иако најавија прес конференција околу 21 часот таа се уште не е одржана и не се соопштуваат партиски резултати од избори.

Неофицијално ВМРО ДПМНЕ има помалку гласови од СДСМ во градови во кои до сега победуваше владејачкта партија.

Извештаите кои пристигнуваат од терен говорат за тесна битка помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, но и изненадувачки тесна битка и во албанскиот политички кампус каде БЕСА во одредени срдини има предност пред владејачката ДУИ.

Аналитичарите предвидуваа тесна победа на една од двете големи коалиции во македонскиот политички блок.

OhridNews