Секојдневното држење пресови без содржина, без чесни и јасни аргументи и факти од страна на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Охрид, очигледно како и претходно и сега се диригирани од „белата шампита“ во Скопје и подалеку од Будимпешта. Ова стои во реакцијата на СДСМ на изнесените ставови на ВМРО ДПМНЕ во врска ребалансот на буџетот и градежните активности на крајбрјето во Градиште.
Јасни се намерите на нашите политички опоненти јавноста да се дефокусира од она што е приоритет за нас како општина и за нас како држава, велат од СДСМ.
- Колку за споредба, не треба многу да се врти по архивите. Ви порачуваме само да го земете новиот едногодишен Отчет на градоначалникот Георгиески и само прочитајте, споредбата ќе ви стане јасна, побарајте го Отчетот на неговиот претходник Бакрачески. Јасно е во само една година направено е многу повеќе отколку во вашите четири.Наместо со шминка на градот Георгиески заедно со Јавните претпријатија и видите каква разлика од претходната ваша ВМРО ДПМНЕ власт, сесрдно помогнат од државната власт предводена од СДСМ во Охрид започнати и завршени се многу инфраструктурни проекти кои со децении беа одложувани. Ќе требе време и простор да се наброи се’. Но сепак само дел: Намалениот долг на општината, Репарацијата на колекторот, ул. „Абас Емин“, ул. АСНОМ , новиот асфалт на стариот пат Охрид – Струга , Булеварот Туристичка и исто така делницата од Охрид до Метропол, спортската сала во ЕМУЦ, целосно новиот лик на ова средно училиште, одблокираното ОУ „Григор Прличев“ и низата зафати во останатите општински ОУ… Оваа власт го подобрува животот не само во центарот, туку и во периферијата а мисли и на населбите околу градот решавајќи нивни приоритети. – се вели во партиската реакција.

- Корумпираноста на судството, институциите и урбаната мафија немаат боја и партија. За жал заеднички именител им е бојата на парите и личниот профит. Но никако нема да се сложиме дека сите проблеми се продукт само на нашето време.Зашто додека ние се трудиме да исполниме европски стандарди Вие градевте Ваша инфраструктура со Ваши судии од тефтерчето на Гоца кои еве се покажа и до денес, прават се’ вашите властодршци да ги ослободат од вина.
Бидете сигурни општината и градоначалникот и во овој дел сврзан со УНЕСКО ќе добијат помош од државата. Но, вие од ВМРО ДПМНЕ најмалку треба да зборувате за мафија и корумпираност и расипништво. Правите се’ да се заборават Вашите мега афери и скандали и прашајте се чии луѓе се „во медот“ и кој уште прекршува закони. Граѓаните и ние заедно со нив не сме заборавиле. – стои во соопштението.
OhridNews











