Вчера сите бевме сведоци на транспарентниот Отчет на Константин Георгиески градоначалникот на Општина Охрид кој преку видео и богато електронско издание потсети на реализираните проекти во првата година од мандатот, велат од општинската СДСМ. Оттаму, со честитки до сработеното од страна на градоначалникот Георгиески, неговиот тим и директорите на Јавните претпријатија и ред други институции, а воедно нагласуваат дека упатените критики до општинската ВМРО ДПМНЕ се неосновани.
Од дадениот отчет, како особено значајни ги наведуваат постигнатата финансиска стабилност на општината и намалувањето на долгот.
- Зошто во нивните 11 години владеење Владата на ВМРО ДПМНЕ забораваше на Охрид и не им помогна на охриѓани? ВМРО ДПМНЕ одгворот треба да го побараат кај нивните челници. За разлика од нив Владата на СДСМ со респект кон сите ама има посебен однос кон Охрид кој по многу нешта го заслужува тоа, велат од СДСМ.
Како успешни проекти кои се реализираат од локалната самоуправа ги наведуваат и санацијата на Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро, одблокирањето на сметката на ОУ „Григор Прличев“, подготвителните активности за изградба на новата трибина на Градскиот стадион „Билјанини Извори“, активностите за зачувување на статусот на Охрид во УНЕСКО, изградбата на современ покриен пазар, инфраструктурните проекти и зафати, реконструкцијата на улицата „Абас Емин“.
- Ние од СДСМ – Охрид им порачуваме на ВМРО ДПМНЕ не плукајте по се’ што е постигнато имајте доблест и на реалноста погледнете и’ во очи. Не гледајте само тесно партиски и не пишете соопштенија со истрошена реторика од затворени кабинети, велат од СДСМ.
OhridNews












