Од Христијан Мицкоски ја слушнавме истата стара приказна, на нова повторувачка прес конференција. Фејсбук статусот на Никола Груевски напишан во афект во 3 часот по полноќ, излезе низ устата на Христијан Мицкоски. Тој сонува за две опции: Прво, Македонија да му даде амнестија на Груевски, второ Македонија да се откаже од НАТО и ЕУ. Вака владејачката СДСМ одговори на прес конференцијата на лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој побара Заев да се откаже од Договорот со Грција и потоа да се оди на избори.

-Единствено за Мицкоски, и само за него, договорот со Грција е мртов. Во момент кога цел свет дава поддршка на Македонија, Мицкоски му врти грб на целиот свет, само за да го спаси Груевски. Мицкоски е против цела Македонија и против целиот демократски свет. Она што Мицкоски  го побара е спротивно од она што граѓаните го очекуваат и заслужуваат. Затоа, бадијала сонува, овие желби на Мицкоски нема да се остварат. Огромно мнозинство од над 80% од граѓаните се за НАТО и ЕУ и затоа стратешката определба на Македонија мора да биде почитувана. – истакна Костадин Костадинов, пратеник во Собранието на Република Македонија.

Тој рече ако раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски по секоја цена одат спротивно од тоа, тогаш единствен излез се предвремени парламентарни избори, организирани веднаш.

OhridNews

Мицкоски:Заев да се откаже од договорот со Грција и да се оди на избори