Во текот на вчерашниот ден, од СДСМ ја демантираа информацијата дека ќе го поддржат кандидатот за градоначалник на Струга и советничката листа од владеачката ВМРО-ДПМНЕ.
„Социјалдемократскиот сојуз кажа јасен став во однос за учеството на локалните избори, се друго што се пушта во кулоарите е обична шпекулација.“ – изјави за медиумите, Рената Т. Десковска, член на ИО на СДСМ.
Таа истакна дека владеачката ВМРО-ДПМНЕ е одговорна за настаната политичка криза и бојкотот на претстојните локални избори.
Инаку, медиумите пред неколку денови излегоа со информација дека опозицијата во општина Струга, ќе го поддржи кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.












