СДСМ нема да учествува на Локалните избори кои треба да се одржат на пролет, изјави денеска потпретседателот Гордан Георгиев.

– Условите кои што се спомнуваат беа важечки до пред црниот понеделник, кога се случи насилството во собранието и со пратениците и со новинарите. Како што се сеќавате претходните услови беа прочистување на избирачкиот список и препораките на ОБСЕ и ОДИХР кои што власта не ги прифаќаше. Од тој ден, од тој понеделник тие услови веќе стануваат ирелевантни бидејќи се наоѓаме во ситуација во која имаме диктаторски режим, кој што не може да организира нормални, слободни и фер избори. Затоа повторувам, ние на следните избори нема да учествуваме.-истакна Георгиев