Распределбата на средствата од Буџетот на општина Дебрца наменети за финансирање на граѓанските организации во изминативе четири години се карактеризира со крајно нетранспарентни постапки и непотизам, обвинува општинската организација на СДСМ – Дебрца.

-Општинските пари во голема мерка се делеле на роднински и партиски подобни здруженија на граѓани, без почитување на прописите за спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и критериумите утврдени со одлуката за критериумите и постапката за распределба на финансиски средства на здруженијата на граѓани и фондациите од буџетот на општина Дебрца, донесена од советот на општината.- тврди СДСМ.

СДСМ обвини за доделувањето на општински пари на Здружението “Мавивест”, од село Велмеј, организација во која наводно како основачи се јавуваат сестрата на градоначалникот, неговиот зет, секретарката на градоначалникот и нејзината мајка. За СДСМ спорни се доделените средства и на здруженијата Лактиње 2013”, “Редеш”-с.Мешеишта, “Ентити”, за кои партијата тв рди дека се основани од од членови на партиските органи на ВМРО ДПМНЕ.

По локалните избори СДСМ најави ревизија на распределбата и трошењето на општинските пари од страна на граѓанските организации. 

OhridNews