СДСМ: Ние ги држиме конците на политичката сцена во Македонија
19.03.11 00:03
Клубот на жени при Општинската организација на СДСМ, вечерва одржа дебата на тема,,Актуелните состојби во државата,,.
Гостин на дебатата беше пратеничката од СДСМ, Весна Бендевска која истакна дека Македонија во моментов се наоѓа во особено сензитивна политичка ситуација. Според Бендевска, во 2011 земјава се наоѓа во посериозна криза споредено со 2001 год.
– Пет години Македонија тапка во место, не неапредува кон евроатланските интеграции, туку за жал како никогаш досега сме изолирана земја, без подршка од досегашните, наши серизони партнери кои ни пружаа помош во нашето евроатланско интегрирање. Пет години Македонија е жртва на стратешки заговор кој значи рушење на темелот на државните институции кои се темел на државноста. Имаме надворешна политика која инсистира на кавга со секого на секое ниво, рече Бендевска.
Пратеникот од Охрид, Томислав Чингоски, се осврна на актуелните случувања и се поизвесните предвремени избори.
– На 27 јуни го одржавме првиот митинг во Скопје кој беше дел од стратегијата со која почна да се креира она што значи мотивација за успешно делување на терен на членството и сузбивање на стравот кој постоеше меѓу граѓаните. Следуваа серија митизнзи и маршот на 5 декември во Скопје. Од тој момент конците на политичката сцена во Македонија ги држи СДСМ. Све е пресметано и овие денови кои создаваат забуна меѓу членството и граѓаните е пресметан и добро осмислен ризик, кој ќе кулминира на денот на изборите. Сдсм ја држи под контрола целата ситуација во Македонија. Поставените четири барања, пред месец дена за Груевски беа неприфатливи и многу учленови велат да не се надеваме дека Груевски ќе седне на преговарачка маса и ќе преговара. Јас велам- не само што ќе ги прифати тие четири барања, туку ќе побара уште некое за да ни исполни и тогаш ќе одиме на избори, рече Чингоски.
Поради одрон, утрово од 06:30 часот сообраќајот на патниот правец Р1301 Охрид – Св Наум, на делницата меѓу селото Трпејца и Св Наум, се одвиваше по една коловозна лента, информира Автомото сојузот ...
Утрово во Охрид беше магловито Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност Во вечерните часови наместа ќе има појава на магла Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од сев...
На 12122025 година во 23:30 часот, на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ во Охрид, приведено е 53-годишно лице од Охрид При извршен преглед од страна на полициските службеници од криминалисти...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.