Граѓанска и единствена Македонија чекори кон подобра иднина за сите, и ниту една лага на Никола Груевски тоа нема да го спречи, се вели во реакцијата на СДСМ на изнесените ставови на лидерот на ВМРО ДПМНЕ.
„Мнозинството граѓани, над 612 000, храбро и сплотено избраа промени, избраа живот и подобра иднина. Мнозинството граѓани гласаа за ставање крај на корпутивниот режим на Груевски и фамилијата. Македонија наскоро ќе добие влада на граѓаните. Промените се случуваат, граѓанска единствена и слободна Македонија оди напред и тоа никој не може да го спречи.
Никола Груевски цели десет години злосторнички се однесуваше кон Македонија и нејзините национални и стратешки интереси.
Груевски и неговите најблиски соработници ќе одговараат пред институциите на системот за грабежот, криминалот, корупцијата, личните, професионални и семејни трагедии што им ги нанесоа на граѓаните на Република Македонија.
Лагите на обвинетиот Груевски за наводни редефенирања, федерализации и кантонизации на државата се последица на стравот од соочување со правдата која доаѓа.
Никој повеќе не му верува на обвинетиот Груевски. На граѓаните на Македонија им е јасно дека под закана се само привилегиите на Груевски и фамилијата.“ – се вели во реакцијата на СДСМ.
OhridNews