СДСМ покрена инцијатива- објектот на Македонската опера и балет во иднина да го носи името на Киро Глигоров.

Како што изјави генералниот секретар на партијата, Андреј Петров, оваа генерација има обврска да го почитува и соодветно да го одбележи ликот и делото на своите современици кои со својот историски придонес овозможиле создавање на независна и самостојна македонска држава.

–  Еден од нашите великани е првиот претседател на независна и самостојна Република Македонија, Киро Глигоров, архитектот на современата македонска држава. Затоа денес покренуваме иницијатива, објектот на Македонската опера и балет во иднина да го носи името на Киро Глигоров – рече Петров.

Тој изрази надеж дека Владата ќе ја прифати ваквата иницијатива.

OhridNews