Извршниот одбор на СДСМ на седница одлучи да не прифати предвремени парламентарни избори.

„СДСМ презема одговорност пред граѓаните и интересите на државата. Граѓаните бараат рзултати во економијата, реформите и интеграциите. Државотворна партија на која на прво место и се интересите на граѓаните и државата не мисли на предвремени избори дури и кога рејтингот и поддршката од граѓаните е многу повисока од онаа на опозицијата“, рече на синоќешната прес конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

  • Како одговорна влада најавивме економска година, создавање силна економија која отвора шанса за сите. Економијата е раздвижена и стабилизирана, платите растат, се зголемуваат инвестициите, се отвораат нови работни места, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните. Тоа е добра основа за засукување на ракавите и посветување на резултат што го бараат граѓаните, на се она што е потребно за подобар животен стандард на сите наши граѓани. Веќе сме дел од НАТО, очекуваме датум за преговори со Европската унија и реализирање на потребните реформи. Одговорна партија, одговорна власт, не би ја загрозила таа шансата, не би го загрозила датумот за преговори во Европската унија со предвремени избори и стопирање на реформите, рече Костадинов.

Тој додаде дека Извршниот одбор на СДСМ го овластил претседателот на партијата, генералниот и организациониот секретар, да направи консултации со коалициските партнери како и со други парламентарни и вонпарламентарни партии, за да се дојде до консензуален кандидат за претседател на државата.

 

OhridNews