Охрид и денес имаше проблеми во водоснабдувањето поради што домаќинства и институции во делови од градот останаа без вода. СДСМ Охрид обвинува дека за проблемите со водоснабдувањето е виновно лошото менаџирање со ЈП Водовод и бараат од првиот човек на претпријатието објаснување зошто е тоа така.
За колку проценти е поскапена водата за периодот од 2021 година до 2025 година, за време на Вашето менаџирање на институцијата? Дали воопшто знаете колку активни дефекти има на територијата на општина Охрид? На кој начин се справувате со загубата на вода која од ден на ден се повеќе расте, на товар на граѓаните?4. На кој начин се справувате со злоупотребата на вода? – прашуваат од СДСМ.
Од опозициската партијата бараат јавноста да биде информирана дали редовно и неселективно се сервисираат обврските кон добавувачите, дали се набавуваат резервни делови за тековно и навремено решавање на проблемите со водоснабдувањето.
Дали добивката на претпријатието е реална или се тоа акумулирани средства од несервисирање на обврските и без никакви инвестиции? Дали бар 1 денар им ја покачивте платата на работниците и дали ги подобривте нивните услови за работа? Дали некогаш воопшто сте направиле објективна анализа на функционирањето на претрпијатието и начинот на функционирање на ЈП „Водовод“ Охрид? – се дел од прашањата до раководството на Водовод што ги упати СДСМ Охрид.
OhridNews