Социјадемократскиот сојуз работното лето денеска го продолжи со посета на населени места во општините  Охрид и Дебрца каде членови на раководството на партијата  остваруваат средби со граѓани,  со цел како што велат, поблиску да се запознаат со  нивните проблеми.


Потпретседстелот на партијата, Зоран Јовановски,  истакнаа дека токму Охрид е пример како се чува националниот идентитет и достоинство, и покрај силните опструкции кои општината ги има од централната власт.

-Во време кога власта прави идентитетски инженеринг во Скопје, Охрид станува главниот заштитник на нашиот историски и културен идентитет. Во изминатиот период и покрај тоа што општината ја немаше поддршката од централната власт, Охрид на чело со Александар Петрески, како и другите наши градоначалници, продолжи динамички да ја развива локалната економија, изјави потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски на прес конференцијата што се одржа на плоштадот „Крушевска Република“.


И додека социјалдемократите на плоштадот „Крушевска Република“ реферираа за своите активности, на централниот плоштад Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ организираше пародија, со која, како што беше кажано, сакаат да потсетат на уништената економија на Охрид во времето на владеење на СДСМ и на сите ветени, а не реализирани проекти на актуелниот градоначалник и кандидат за трет мандат.



-Да го потсетиме што направи неговиот старо-нов градоначалник во неговото осум годишно владеење.Не изгради ништо, ниту едно фудбалско игралиште,ниту еден тениски терен,ниту олимпискиот базен, а камо ли аква паркот кој ни го вети на нас младите
, рече Сашо Донев, од УМС ВМРО ДПМНЕ – Охрид.       


Реагираше Локалната самоуправа, според која ВМРО ДПМНЕ е таа која со своето владеење го уништува Охрид.

– Три години, Охрид  го оставивте без болница, ја уништивте единствената детска болница на Балканот, го уништивте ЕМО и овој свет град, го оставивте последен, заедно со Арачиново, да влезе во втората фаза од децентрализацијата. Ги суспендирате законите за локална самоуправа, за градежно земјиште и за урбано планирање,  за  криминално, за по едно евро за метар  квадратен, во четири очи, го продадете целото охридско крајбрежје и со инфантилни реклами го навредувате елементарното човечко достоинство на охриѓани, велат од Локалната самоуправа.

Возврати и градоначалникот Петрески, кој на ВМРО ДПМНЕ и порача дека пародиите ќе им бидат единствена сатисфакција и во иднина, бидејќи и во нардните 4 годии тие ќе останат опозиција во Охрид.

Она што прават пародии дека немало спратна гаража или други објекти сакам да им посочам дека за да се изгради некој објект потребни се два услови, земјиште и урбанистички план. На Охрид не му се дава ни земјиште ни плановите кои стојат непотпишани во Министерството за транспорт и врски, затоа што се плашат дека ако ни ги дадат, ќе го изградиме тоа што е зацртано во нив, рече Петрески.


Тој истакна дека во изминатите 7 и повеќе години се реализирани бројни проекти, спортски сали, патишта, улици, тротоари, изграден е крак од колекторскиот систем, километри канализација, како и други проекти кои се обврска на централната власт.

-Свесен сум дека има уште многу да не направи и тие проекти ќе ги реализираме во новиот мандат, пред се гасификацијата нма Охрид без оглед дали за тоа ќе добиеме или не поддршка од централната власт, додаде Петрески.


Активностите на СДСМ во Охрид ќе бидат заокружени со голем митинг што ќе се одржи вечерва на централниот плоштад Св. Климент Охридски на кој Александар Петрески и официјално ќе биде промовиран во кандидат за градоначалник.

OhridNews