ОО на СДСМ Охрид, како сериозна и одговорна партија досега не реагираше на некои несфатливи и неодговорни потези на локалната власт и градоначалникот Никола Бакрачески, почитувајќи ги 100-те џентлaменски денови од преземањето на власта во Охрид, но истовремено не навлегувајќи во разни шпекулации за одредени состојби. Но денешниот чин на врачување за разместување на вработените во ЈП „Билјанини извори“ ја прели чашата на толеранција, реагира општинската организација на СДСМ на случувањата во ова јавно претпријатие.

-Несфатливо е како може да се прераспределуваат работници на работни места кои не се според нивното образование и квалификации. Прв на удар на ова прераспределување беше висок функционер на СДСМ – Охрид, организициониот секретар на партијата и доскорешен директор на претпријатието, д-р Боро Шајн, специјалист инфектолог, кој денеска со решение прерараспределен на работното место – наплатувач на јавен паркинг, и уште други 15–тина лица, членови или симпатизери на СДСМ. Овај потег неможе никако поинаку да се сфати, од тоа дека е  направен од реваншистички побуди, да се заплаши членството на СДСМ и да се атакува на рејтингот на партијата во Охрид. Со ова предизборните ветувања на актуелниот градоначалник Никола Бакрачески, дека кон вработените во администрацијата и јавните претпријатија кои се под капа на локалната власт, ќе нема никаков реваншизам, биле чист популизам, а вети јавно  речиси на сите медиуми дека такво нешто нема да се случи, стои во реакцијата.

Од СДСМ апелираат до градоначалникот Никола Бакрачески, директорот на јавното претпријатие Иван Цветкоски, како и до Управниот одбор на претпријатието, уште еднаш да ја преиспитаат и да ја отповикаат оваа, како што се наведува во соопштението, несфатлива и крајно нерационална и понижувачка одлука за прераспоредување на личности на несоодветни работни места, а на нивно место да поставуваат лица со несоодветно образование.

-Со ова само лично се деградираат прераспределените, се прави лош имиџ на Охрид, а СДСМ и натаму ќе биде сплотен како никогаш досега. СДСМ ги известува сите оние кои ќе изразат потреба од правна помош и логистика, дека ќе ја имаат во секое време, за овој случај, но и за другите кои се најавуваат.-се вели во соопштението на охридскиот огранок на СДСМ.

За случувањата во јавното претпријатие Билјани извори свој личен став изнесе и советникот Дејан Блажески, инаку актуелен претседател на општинската организација на ЛДП.

-Јас не можам да го пренесам ставот на ООЛДП –Охрид, затоа што како партија секогаш ги застапуваме демократските процедури во одлучувањето, што значи дека став градиме заеднички на Извршениот одбор. Заради краткото време а и заради тоа што мислам дека овој случај сам по себе не налага итно свикување на Извршниот одбор на ОО ЛДП -ОХРИД, ако се има предвид дека господинот Шајн е организационен секретар на СДСМ- Охрид, природно е тие да свикаат Извршен, што можеби и го на правиле, не знам. Ако ме прашувате за личен став за ова што се случува кратко ќе ви одговорам дека како за мене како човек кој секогаш стои на линијата на принципите, не е важно дали станува збор за Шајн или за кој и да било друг,не е важно дали е од ЛДП, ВМРО, СДСМ или неопределен, и воопшто не е важно какво мислење имам лично за господинот, туку напротив време е да сфатиме дека никој, повторувам никој не смее да си игра со ничие човечко достоинство кое е уставно право на секој човек. Како човек кој се бори за човековите права потенцирам дека не се согласувам со политички линч. Човечкото во мене зборува дека ова е тенденциозно декласифицирање и газење на човечкото достоинство на г-динот Шајн, на што остро се противам.

Принципиелноста е темелот на оваа моја изјава. Не можеме во дваесет и првиот век ние да играме ”лов на вештерки” за медиумски сезационализам, скокајќи ги правото и правните институции. За се друго што се однесува на неговото директорување оставам да одлучат истражните органи. Доколку е одговорен треба да ја сноси одговорноста, но ова повторно нема никаква врска нити пак ја оправдува дискриминацијата и мобингот на работното место.-изјави Дејан Блажески.

OhridNews