ОО на СДСМ Охрид обвинува дека нивните политички ривали користат деца за политички цели во предизборната кампања и бара таквите партиски активности веднаш да престанат.
Децата не смеат да бидат дел од политичка пропаганда. Тие не се симболи, не се средства за емоционални апели и пропаганди. Бараме јавно објаснување од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид дали и како се користат фотографии на деца во нивните кампањи и дали е добиена согласност од родителите? Надлежните институции да проверат дали ова претставува прекршок на законите за заштита на децата, за приватност и дали има етички прекршоци, стои во партиската реакција.
Од СДСМ апелираат сите политички партии и кандидати, да се воздржат од таква пракса и да ги почитуваат етичките и законските норми.
OhridNews