За СДСМ Македонија е на прав пат, зборот е збор, а она што го ветивме и го остваруваме, изјави во видео обраќање Сашо Ставрески од општинската организација на СДСМ – Охрид.

-Промените се видливи, а сите граѓани ќе ги почувствуваат ефектите од нив. Зголемена минимална плата, зголемена плата во здравството и образованието. Тоа е доказ дека мислиме и на работниците и на работодавачите. Од декември законската минимална плата ќе изнесува 14.500 денари, што е за 2.000 денари повеќе, а споредбено со 2017 таа е повисока за 5.500 денари. Истовремено државата ќе ги субвенционира придонесите од 600 до 6.000 денари за сите компании од приватниот сектор коишто за оваа сума ќе ги зголемат платите, без разика дали се минимални или повисоки. Субвенциите ќе можат да се користат во следните три години. Владата не само што ја гарантира минималната плата со закон, туку континуирано ја зголемува и сега ја изедначи за сите сектори. Со зголемувањето на минималната плата обезбедена е повисока плата за 90.000 граѓани. – рече Ставрески.

Ставрески истакна дека со покачувањето на платите на лекарите за 40%, а на медицинските сестри од 20-25% владата на СДСМ го враќа достоинството на здравствените работници.

–Бенефитот од оваа мерка ќе го почувствуваат лекарите и целиот медицински персонал во Охрид. – рече Ставрески.

Во образованито платите на вработените ќе се зголемат за историски 20%, истакна Ставрески.

-СДСМ продолжува да работи во насока на подобрување на образовниот процес, вклучително и поставување на повисока позиција на дигнитетот на наставничката професија и соодветно вреднување на трудот на наставниот кадар. – додаде Ставрески.

OhridNews