По четири години мандат, граѓаните на Охрид имаа право да очекуваат барем дел од предизборните ветувања да бидат исполнети. Наместо тоа, добија апсолутен минимум – ако воопшто нешто и добија. Наместо отчет, од локалната власт народот добива нови барања за доверба, како да се заборавени сите нереализирани проекти. Ова, меѓу другото, се истакнува во соопштението за јавност на ОО СДСМ Охрид, во кое се критикуваат политиките и владеењето на актуелната локална власт, за кои сметаат дека се промашени.

Особено е проблематичен начинот на кој ветуваа дека конечно ќе почнат да работат – преку проекти кои треба да бидат основни обврски на секоја општина, како улична инфраструктура, водовод, канализација и сл., но ги прикажуваат како „големи успеси“ што ќе ги финансираат преку туѓи кредити, преку унгарскиот кредит односно преку задолжување на граѓаните. Дали единствениот нивен успех во изминатите години е успешното аплицирање за средства од кредитот?

Сакаат ли да ги убедат граѓаните дека со тоа што ќе им ја подарат својата доверба сами граѓаните ќе си ги реализираат инфраструктурните проблеми ,со свои средства со камата?

Со ваков пристап – без отчет, без самокритичност, без реални резултати, туку со нови манипулативни ветувања и економски товар за граѓаните – бараат повторна поддршка? – стои во соопштението на ОО СДСМ Охрид.

OhridNews