Опозициската СДСМ бара одговори од актуелниот градоначалник Кирил Пецаков за велосипедската патека на источното крајбрежје која, како што велат, беше ветена но се уште не е изградена.
Четири години подоцна, што имаме? Ниту патека, ниту проект, ниту барем обид да се започне нешто. На местото каде требаше да се движат велосипеди, денес расте трева, жбунови и летна прашина. Тука има само молк, заборав и неодговорност. Дали е ова визијата за која Пецаков зборуваше? Дали е ова европски Охрид, кој се движи напред? Или можеби ова е уште еден пример за тоа како изгледа лагата кога ќе ја оставите четири години да ‘зрее’? – праша Климент Калачоски, претседател на ЛК СДММ Охрид.
Се работи за младите кои сакаа алтернатива во сообраќајот, за рекреативците, за туристите, за здрава животна средина, посочуваат од опозициската партија која бара одговорност за нереализираниот проект.
OhridNews