СДСМ Охрид реагираат за состојбата во која се наоѓаат градските гробишта посочувајќи дека се обврзале  постојано да го потсетуваат директорот на ЈП Градски гробишта кој му е негов опис и попис на работните задачи и да бидат коректор на неговата работа.

Во случајов, на неговата неработа… бидејќи директорот очигледно не направил ни два чекори понатаму од неговата канцеларија да ја види состојбата во која се наоѓаат градските гробишта. Жално. Жално е за секој еден кој го посетува ова место да го види вечното почивалиште на својот близок во ваква состојба. Болна е сликата која ја гледаме секој ден. На директорот пред заминување му порачуваме бар последните два- три месеци од неговиот мандат со дело да им се заблагодари на охриѓани за трпеливоста која сепак ја покажуваат кон неговата неработа, додаваат во соопштението од СДСМ Охрид.

OhridNews