Општинската организација при СДСМ Охрид упатува честитка по повод стартот на новата учебна година до сите првачиња, како и до останатите ученици, наставниците и професорите, кои велат, секојдневно се грижат за образувањето и воспитувањето на своите ученици.
Упатуваат критика до Министерството за образование и наука во поглед на доставата на учебници во училиштата, како и за платите на наставниците за кои велат се под просекот во државава.
Од Комисија за образование при ОО на СДСМ Охрид посочуваат и дека локалната самоуправа не успеала во ниту едно училиште да направи некаква реконструкција, со цел подобрување на условите за работа, посочувајќи дека од нивното остварување оствариле само одредени проекти кои биле завршени од претходната власт на СДСМ, додека некои проекти дури не успеале ни да ги зaвршат.
OhridNews