Наместо проекти, решенија за развој, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваат и уназадуваат општините со кои раководат. Во време на светска економска криза, кога Владата предводена од СДСМ, обезбеди поевтина струја за јавните комунални претпријатија, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги поскапеа услугите за граѓаните. Охрид и Прилеп беа првите општини што ги зголемија цените на комуналните услуги, а комуналните претпријатија од овие општини сега имаат милионски долгови, се посочува во реакцијата на владејачката СДСМ.

Општина Охрид има долг од шест милиони евра, додека долгот на општина Прилеп е близу два милиони евра. Над 1,1 милион евра должи општина Ѓорче Петров, а општина Василево должи над 1,5 милиони евра. Тоа е така затоа што во општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ се случува масовна партизација а едно јавно претпријатије во општина раководена од ВМРО-ДПМНЕ дури две третини од својот буџет троши за привремени вработувања. – стои во соопштението.

Според СДСМ, градоначалниците на ВМРО ДПМНЕ направиле пустош од општините за само една и пол година од мандатот.

OhridNews