Најфреквентната улица во градот, булевар „Туристичка” – лицето на Охрид, изгледа како да сме на периферија, а не во туристички центар, реагираат од СДСМ Охрид.
Испукани тротоари, дупки на секој чекор, испакнати шахти кои претставуваат опасност и за пешаците и за велосипедистите. Едната страна од тротоарот се реновираше два пати. Вториот пат секако оваа локална власт која немајќи идеја за своја реализација, ќе го повторува она што е веќе сработено. Меѓутоа замислете тие „реновираа” со старите бекатон коцки – навистина иновативно, а другата страна е оставена да пропаѓа четири години, велат.
Посочуваат дека пешаците не се второкласни граѓани, а безбедност заслужуваат и велосипедистите.
Улицата што треба да биде симбол на градот? Срам и опасност. „Туристичка” заслужува третман достоен за нејзиното име, додаваат во реакцијата од СДСМ Охрид.
OhridNews