За ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески Студенчишкото блато не е природен феномен и нема особено значење, бидејќи на тоа токму на тоа место тие ќе градат градска марина, се наведува во соопштението на општинската СДСМ.
„Градоначалниче Бакрачески, марината можете да ја изградите на кое било место во Охрид. Природата не се гради. Студенчишкото блато е споменик на природата и како такво треба да биде заштитено и ревитализирано. СДСМ во интерес на граѓаните и заштитата на наследеното културно богатство бара ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески да се откажат од уништувањето на нашето природно богатство.“ – велат од СДСМ Охрид.
Оттаму потенцираат дека граѓаните очекуваат културен и економски развој на градот и исполнување на предизборните ветувања од локалната власт.
„За жал, освен уништување и задолжување, оваа власт на ВМРО-ДПМНЕ друго ништо не знае. Единствено што е во најава дека ќе се направи овде во Охрид се стотици метри асфалт и 2 кружни текови.“ – велат од СДСМ Охрид.
OhridNews