Вчерашната 34 седница на Советот на општина Охрид помина во знакот на донесувањето на одлуката  за ребаланс на Буџетот на општината за 2019 година. ВМРО ДПМНЕ го блокира целосното усвојување на ребалансот со констатација дека Буџетот бил бесперспективен.И по кој знае кој пат опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ не покажа целосна конструктивност, туку и натаму работи против интересите на градот и граѓаните. Важно им е позитивното салдо да не оди на наше конто, туку само да ставаат сопки, се наведува во соопштението од општинската СДСМ и додаваат дека од 14 позиции предвидени со ребалансот опозицијата прифатила само три.

  • Вчера, за среќа со мнозинство гласови, советот ја прифати предлог- одлуката за исплата на долгот на ОУ„Григор Прличев“ кон доверители со што  по долги години се доведе во завршна фаза деблокирањето на жиро сметката на училиштето. Генезата на блокираната сметка е стар долгогодишен долг од извршно побарување по основ на судски спор од 1989 година по основ на денационализација на земјиштето на кое се наоѓа училиштето.Опозицијата реагираше за кратењето, односно неискористените 1 милион и 600 000 денари во делот за реконструкција на објекти во основното образование. Знаат, ама сепак обвинуваат. Неискоритените средства се поради еден позитивен факт дека на тендерите се добиени далеку пониски цени. Тоа е доказ дека мина времето на високи понуди и скриени трошоци. Сега, се заштедува на тендери а тие средства се пренасочуваат таму каде што се потребни, велат од СДСМ.

Оттаму, повторуваат дека со ребалансот се издвојуваат и дополнителни  2 милиони денари за отстранување на нелегално изградените објекти, а со 800 000 денари ќе се помогне ФК „Охрид“, ќе се набават нови возила, чистачи на мраз со што ќе се подобри хигиената во градот. Во ребалансот се предвидени и средства за изработка на 30 типски куќички како дел од унифицирана урбана опрема во општината. Ќе има повеќе пари од централната власт во блок дотациите  за градинките и училиштата за повисоки плати.

OhridNews