Исходот од вчерашната итна координација на највисокото партиско раководство на СДСМ, која траела до доцна синоќа, е дека партијата останува на својот став за бојкот на локалните избори, како и во однос на враќањето во парламентот, пишува весникот „Капитал“.

Според извори на весникот, состанокот поминал со презентација на ставовите на раководството, при што било искажано единство да не се попушта и дека останува главното барање  за предвремени парламентарни избори,што  не е прифатено, па затоа на локалните избори нема да се учествува.

Од општинската СДСМ не сакаат да ги коментираат ваквите информации и потенцираат дека секоја информација која не е официјално изјавена од раководството на партијата,засега е шпекулација.

OhridNews